Утрински Весник
Магазин

Британскиот музеј купи неодамна пронајден приврзок на Хенри Осми за четири милиони евра

Image 2026 02 10 213748559.png

Приврзок, познат како „Тудорско срце“, направен во 16 век, а повторно откриен во областа на Ворикшир пред неколку години, е откупен од Британскиот музеј во Лондон. Преку јавни донации и средства, за таа цел се собраа четири милиони евра.

Златниот приврзок во облик на срце му припаѓал на британскиот крал Хенри Осми од династијата Тудори и неговата сопруга Катерина од Арагон. Артефактот од 16 век, преоткриен во 2019 година, сега ќе биде јавно изложен, објави „Скај њуз“. Досега, предметот му припаѓаше на пронаоѓачот – сопственикот на земјиштето каде што наодот бил откопан пред седум години.

Повеќе од 45.000 Британци донираа средства, а најголемите придонеси доаѓаат од Националниот фонд за споменици и наследство којшто придонесе со два милиони евра, фондот „Џулија Раузинг“ – 575.000 евра и здружението „Aмерикански пријатели на Британскиот музеј“ – 345.000 евра.

Музејот планира да го вклучи приврзокот во својата постојана колекција, а следи и турнеја / обиколка со низа изложби ширум Велика Британија. 

Можете да прочитате

Нострадамус ја предвидел вештачката интелигенција? Пророштво старо 500 години повторно ја вознемири јавноста

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027