Утрински Весник
Свет

Французин осомничен за силување на повеќе од 89 малолетни лица

Gradinka.jpg

Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетници.

Обвинетиот е приведен во 2024 и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година.

Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл.

Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, Колумбија и Нова Каледонија, каде што мажот работел како наставник, изјави обвинителот Етјен Манто.

За време на истрагата, мажот признал дека ги убил и мајка си и тетка си.

Можете да прочитате

Пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“ најавија целодневен штрајк

ИДФ прави планови за можна нова офанзива во Газа за разоружување на Хамас, објави „Тајмс оф Израел“

Дигиталните технологии се развиваат побрзо од системите за заштита, децата се најмногу изложени на ризици