Утрински Весник
Македонија

Стојаноска го нападна Трендафилов со видео, а самата земала 255.111 денари патни трошоци

Img 8113.jpeg

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, сподели видео на социјалните мрежи во кое, според нејзините тврдења, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, ги вози своите две малолетни деца со службено возило на синдикатот.

„Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, напиша Стојаноска во објавата, отворајќи нова политичка пресметка со синдикалниот лидер во период кога ССМ врши притисок за зголемување на минималната плата.

Во меѓувреме, во јавноста се отворија прашања и околу патните трошоци на самата Стојаноска. Според јавно достапните податоци, таа во текот на 2025 година користела 255.111 денари за патни трошоци, иако во анкетниот лист има пријавено дека на име на нејзината мајка се водат четири стана во Скопје.

Ако се направи груба пресметка, повратен автобуски билет на релација Гостивар – Скопје чини околу 500 денари. За 30 дена тоа би изнесувало приближно 15.000 денари, односно околу 180.000 денари на годишно ниво. Во оваа пресметка не се земени предвид викендите, празниците и годишните одмори, што дополнително отвора прашања во јавноста за висината на исплатените патни трошоци.

Објавата доаѓа во момент на зголемени тензии меѓу власта и синдикатите, откако ССМ побара минималната плата да се зголеми на 600 евра. Денеска синдикалците протестираа и ја блокираа околината на Собранието, обвинувајќи дека пратениците се меѓу главните виновници што минималната плата и натаму останува на околу 400 евра.

Можете да прочитате

Ристески: Договор за зголемување на платите во јавната управа е доказ дека социјалниот дијалог функционира

Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина

Помош или навреда? 81 денар исплатени за штети од земјотрес во Битола