Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми социјалдемократ од Тему

Vmro dpmne sediste5.jpg

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:

Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот. Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше на власт.

Цените за кои Филипче вика дека ги нема никаде во Европа, се истите кога беше СДС на власт и за кои неговиот сопартиец Бочварски викаше дека се ниски.

За потсетување, Бочварски крајно лицемерно и елитистички им викаше на граѓаните ако им се скапи патарините, нека возат по локални патишта.

Социјалдемократот од Тему, Филипче имаше 7 години да побара намалување на цените на патарините или во најмала рака ако бил загрижен да му се спротивстави на неговиот сопартиец Бочварски, но не го стори тоа.

Или можеби Филипче бегајќи панично кон Грција сега прв пат плати патарини во животот?

Она што Филипче треба да го каже, каде одеа парите од патарини во нивно време и во чии џебови завршуваа народните пари.

Можете да прочитате

Зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина

Помош или навреда? 81 денар исплатени за штети од земјотрес во Битола

Јаневска: Предлог законот за високо образование ќе се надгради со сите издржани сугестии на академската заедница и пошироката јавност