Утрински Весник
Македонија

Во последните три месеци од 2025 изградени над 1.000 нови станови

Zgrada Stanovi1.jpg

Во последниот квартал(октомври, ноември и декември) од 2025 година, во Македонија се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажува извештајот на Регистарот на цени и закупнини. Во Агенцијата за катастар се запишани и 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на дополнителни објекти кои наскоро ќе се најдат на пазарот.

Најголема продажна цена на стан по метар квадратен е 182.404 денари (околу 3.000 евра) за стан од 83 м² во општина Центар. Најмногу станови се продадени во Аеродром (304), додека најмногу куќи се продадени во Битола (91). Продажбата на деловни простории е најзастапена во Центар (31 продажба), земјоделско земјиште и шуми во Куманово (110), а градежно земјиште во Ѓорче Петров (43).

Во четвртиот квартал се евидентирани 9.283 трансакции со недвижности, од кои 6.230 купопродажби (вклучувајќи продажби од инвеститори, држава и лицитации) и 3.053 закупи. Најмногу трансакции се регистрирани во Центар (812), Аеродром (645) и Штип (634). Најмалку трансакции имало во општините Пласница, Центар Жупа и Вевчани (4–5 трансакции).

Според Народната банка, цените на недвижностите во четвртиот квартал 2025 година бележат раст од 25% на годишно ниво, додека податоците на ДЗС покажуваат дека во ноември се издадени 304 одобренија за градење за изградба на 761 стан, најмногу во Скопскиот регион (427).

Можете да прочитате

Прилепчани пукале кон полицијата, уапсени три лица

Рудар тешко повреден на работно место

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана