Утрински Весник
Магазин

Како да ги сочувате собните растенија здрави во зима?

Sobni rastenija 3.png

Зимските месеци можат да бидат предизвикувачки за собните растенија. Помалку светлина, сув воздух од греењето и ниска температура често предизвикуваат застој во растот, опаѓање на листовите и слабеење на растенијата.

Најчестите зимски грешки се прекумерното наводнување, ѓубрење во време на мирување и пречесто преместување на растенијата. Прекумерната влага во почвата може да доведе до гниење на корените, додека сувиот воздух предизвикува кафеави врвови на листовите.

За да ги сочувате растенијата здрави, проверувајте ја почвата пред полевање, преместувајте ги блиску до природна светлина без контакт со ладно стакло и овлажнувајте го воздухот околу нив. Минмално ѓубрење и стабилна локација ќе им помогнат да ја дочекаат пролетта силни и подготвени за нов раст.

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор