Утрински Весник
Скопје

Вештак од Марибор: Пациентите на скопска онкологија добивале лек без да се почитува протоколот

Onkologija.jpg

Маја Равник, потписник на вештачење во случајот ,,Онкологија” истакна дека давањето на погрешен лек, не само што нема да ги оздрави болните од рак, туку може да делува токсично. Равник, во исказ пред судот рече дека секоја промена на терапијата мора писмено да се евидентира, а конзилијарниот пристап бил златен стандард во лекувањето. Докторката констатира дека на скопска онкологија протоколите најчесто не се почитувале.

„При анализира на 51 документација, само во еден случај имаше мултидисциплинарно конзилијарно мислење. Најчесто, пациентите добивале лек без да се почитува протоколот. Промените во лекувањето не биле совесно евидентирани и многу често без објаснување зошто се менува терапијата“, вели д-р Марија Равник, вештак- онколог од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија.

Давањето агресивна онколошка терапија кај терминално болни само им ја влошува состојбата и им го скратува живот, вели вештакот.

Анализирајќи го досието на починатата Мирослава Николова, вештакот кажа дека и била давана терапија која не лекува рак на јајници што придонело до напредување на болеста. Одбраната, пак, тврди дека вештачењето е нецелосно и неточно.

Поранешниот директор на онкологија Никола Васев и уште двајца лекари се обвинети за несовесно лекување на пациенти.

Можете да прочитате

Утре делови од Карпош без вода Скопје

Герасимовски: Финасиска поддршка за спортски проекти во Центар, заедно градиме здрави навики

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со цел обезбедување на логопедски и дефектолошки услуги