Утрински Весник
Македонија

Притвор за маж од ресенско поради измами со лажни лекари и сообраќајни несреќи

628250203 1204495568527635 2424414814293700140 n.jpg

СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40) од с. Стење, ресенско, а со престој во Битола и против непознато лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 247 ст.1 од КЗ „измама “.

На 05.02.2026 околу 11:30 часот во Битола, пријавените со цел за себе да прибават противправна имотна корист, довеле во заблуда 72-годишна битолчанка така што на нејзиниот мобилен телефон и се јавил второпријавениот и кажал дека нејзината снаа е тешко повредена и дека мора да даде пари и злато за да се направи операција. По кратко време, второпријавениот дошол во домот на пријавителката и таа му дала една златна огрлица и едно златно ланче со привезоци. Со стореното кривично дело пријавените се стекнале со имотна корист од околу 40.000 денари.

Исто така, на 06.02.2026 околу 09.30 часот во близина на Саат кулата во Битола, пријавените довеле во заблуда 76 -годишна битолчанка и нејзиниот сопруг. Второпријавениот се јавил на телефонскиот број на оштетената и се претставил како доктор од охридска болница и рекол дека нејзината внука е тешко повредена и мора да даде пари за да се направи операција. Оштетените, според договореното, отишле кај Саат кулата во Битола и му дале 7000 евра на првопријавениот.

По добиените пријави, од страна на полициски службеници преземени се мерки и активности за расчистување на случаите. Извршени се претреси на повеќе локации кои ги користи провопријавениот, при што пронајдени биле предмети кои потекнуваат од кривичното дело, по што В.П. е лишен од слобода, поднесена е кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на второпријавеното лице.

Можете да прочитате

Македонските вина со силно присуство во Париз: национален настап на винскиот саем Wine Paris и ексклузивна промоција „Ноќ на македонските вина”

СДСМ: ВМРО спрема враќање на Груевски, Мицкоски е чувар на фотелјата 

Трендафилов: Пратениците нека дојдат пеш, како и работниците