Утрински Весник
Свет

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра

20260209111919 big 730x400 20.webp.webp

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин на Атлантикот, а проценетата улична вредност на таа количина дрога е 41 милион евра, соопшти денеска француската Атлантска поморска префектура.

Во соопштението се наведува дека кокаинот е запленет на 1 февруари на рибарски брод кој доаѓал од Јужна Америка, додека осомничените им се предадени на бразилските правосудни органи, пренесе „Фигаро“.

Се истакнува дека заплената е извршена на барање на Националниот директорат за царински разузнавачки работи и истраги и Канцеларијата на комесарот за борба против наркотици, по разузнавачки податоци кои биле прибрани во соработка со, меѓу другите, британските и американските полициски служби.

Француската морнарица во текот на 2025 година запленила 87,6 тони дрога ширум светот, што е зголемување од 81 отсто во однос на истиот период во 2024 година, вклучувајќи и 58 тони кокаин, што претставува рекордна заплена, наведува весникот.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд