Утрински Весник
Балкан

Српската полиција трага по двајца осомничени за киднапирање на Кајмакоски

Daniel kajmakoski 960x774 1.jpg

Српската полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, нагласувајќи дека пејачот е згрижен.

Како што е наведено, по полициска потера, возилото во кое се наоѓале двете непознати лица, било запрено на територијата на општина Рума. Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец.

Двајцата претходно со нож и огнено оружје го киднапирале Кајмакоски. Српското МВР потенцира и дека киднапирањето се случило во утринските часови во Белград и дека киднаперите барале пари од пејачот.

Можете да прочитате

Грчкиот полковник пренесувал воени информации на Кина преку аплукација

Рама остро кон Уставниот суд: Суспензијата на Балуку е опасен преседан за демократијата

Врзан со селотејп и однесен – Шокантни детали за драмата со Кајмакоски