Утрински Весник
Македонија

Авион од Скопје кон Париз итно пренасочен – безбедно слетување во Брисел

Avion.jpg

Авион на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесуваат специјализирани сервиси за следење на летови.

Станува збор за летот W64719, управуван од авион „Airbus A321neo“. Според достапните информации, екипажот одлучил да го прекине летот и да го пренасочи кон аеродромот Брисел–Шарлроа, каде што леталото безбедно слетало околу 7:30 часот по универзално време, по приближно два часа и 15 минути во воздух.

Податоците од системот за следење на летови Flightradar24 исто така покажуваат дека авионот бил пренасочен и наместо во Париз слетал во Брисел. Засега не е позната причината за прогласувањето на вонредната состојба, а се очекуваат дополнителни информации од авиокомпанијата или надлежните служби.

Можете да прочитате

Албански државјанин приведен кај Гевгелија поради превоз на мигранти

 Влажен бран ја зафаќа Македонија

Уапсен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки