Утрински Весник
Магазин

Вкусна салата од печен компир

20260205102840 big 730x400 2.webp.webp

Салатата од печен компир, ќе го воодушеви секој, а виолетовиот кромид ќе ја разубави.. 

         Состојки:

  • 600 грама компири со средна големина
  • 4 лажици масло
  • 18 грама сув зачин за компири
  • 3 лажици вински оцет
  • 1 лажица  сенф и црн бибер
  • 1 виолетов кромид
  • 1 лажица сецкан власец

Подготовка:
Добро измијте ги компирите, исушете ги и исечете ги на парчиња со дебелина од околу 2 мм. Печете ги компирите во тава со загреано масло додека не поруменат. Извадете ги компирите, додадете го оцетот, сенфот и биберот во дресингот од компири, измешајте и прелијте ги компирите. Додадете го кромидот исечен на парчиња, и нежно измешајте сè заедно.Посипете ја салатата со власец и оставете ја да отстои околу 15 минути. Сервирајте ја топла како јадење или со пржена риба или месо.

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе биде долга над два метри

Детали за турнејата на Оејзис во 2027

Клучот до среќата не се парите: Науката има неочекуван одговор