Утрински Весник
Македонија

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Grb na anb.png

Јавен оглас за вработување инженери распиша агенцијата за национална безбедност. Се бараат инженери со или без работно искуство. Платата за работните позиции ќе се движи од 50.000 до 60.000 илјади денари во зависност од работната позиција и досегашното искуство.

-Ова е втор јавен оглас од формирањето на Агенцијата, со што уште еднаш се потврдува определбата за транспарентна, отворена и законска постапка при вработување кадри. Агенцијата за национална безбедност доследно ја применува практиката на јавно и рамноправно информирање, овозможувајќи им на сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да се пријават и да учествуваат во селекцискиот процес под еднакви услови. Со овој оглас, Агенцијата отвора можност за вклучување на стручни и мотивирани инженери кои сакаат да ја градат својата професионална кариера и да придонесат во заштитата на националната безбедност, се наведува во јавниот оглас на АНБ.

Деталните услови, критериумите и рокот за пријавување, како и потребната документација и текстот на јавниот оглас, можат да се преземат на веб-страницата на Агенцијата, во деловите „Транспарентност“ и „Кариера“.

Можете да прочитате

Забранета водата за пиење во четири струмички села – откриени бактерии и фекално загадување

Петковска: Во 2025 година 66 отсто од пресудите не биле јавно објавени

Петковска: Поврзувањето на првиот човек на ОЈО ГОКК со партија ја поткопува довербата