Утрински Весник
Магазин

Зошто косата најмногу паѓа под туш и кога тоа е причина за загриженост

Tusiranje.jpg

Глетката на топче коса во одводот по туширање често знае да вознемири, но во најголем дел од случаите станува збор за сосема природен процес. Според експертите, губењето од 50 до 100 влакна дневно е дел од нормалниот циклус на раст на косата. Косата поминува низ три фази – раст, мирување и опаѓање. Кога влакното ќе влезе во последната фаза, тоа е подготвено да падне, но најчесто останува „заробено“ меѓу другите влакна сè додека не се ослободи при миење. Токму затоа, најмногу коса паѓа под туш. Масирањето на скалпот, водата и шампонирањето помагаат влакната што веќе го завршиле својот циклус да отпаднат одеднаш, наместо постепено во текот на денот. Иако изгледа драматично, експертите велат дека ова најчесто не е знак за проблем. Броењето на влакната не се препорачува, бидејќи може да создаде непотребна анксиозност.

Зголемено опаѓање често се јавува ако косата не се миела неколку дена, но и по периоди на стрес, болест, породување или хормонални промени – состојби што најчесто се стабилизираат сами. Сепак, ако со месеци се забележува поретка коса, поширока разделба или намалена густина на опашката, тоа може да биде знак дека губењето е поголемо од вообичаеното и дека е потребна консултација со дерматолог. Експертите предупредуваат и на лоши навики – грубо триење, честа употреба на фен на висока температура и агресивни препарати можат да доведат до кршење на косата, а не до нејзино природно опаѓање. Иако линеењето не може целосно да се запре, редовната нега и здравиот скалп се клучни. Пореткото миење не го спречува опаѓањето, а може дури и да ја влоши состојбата. Ако губењето на косата изгледа постојано или загрижувачки, советот е јасен – побарајте стручно мислење.

Можете да прочитате

Деформирана при бегството на крадците во Лувр, круната на француската царица ќе се обновува

Змија долга 7,22 метри и тешка 96,5 килограми влезе во Гинисовата книга на рекорди

Популарните апчиња за холестерол се многу побезбедни отколку што се мислеше претходно