Утрински Весник
Македонија

Повредена жена во експлозија во охридско село

Pozar.webp.webp

Од ТППЕ Охрид информираа дека денеска интервенирале по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Екплозијата била предизвикана од зголемена концентрација на плин.

„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови (плин) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и жена која е преземена од екипите на Брза помош“, велат од ТППЕ Охрид.

Можете да прочитате

Пронајден човечки череп во атарот на село Лабуништа

Вчера осум уапсени лица за дрога во Македонија

СДСМ: Мицкоски вели технички исправна вода во Гостивар -утре, но кој да му верува?