Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Очекувам МВР да открие десетици тони дрога незаконски складирани во Македонија

Mickoski.jpg

Претседателпот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување во вестите на МРТ зборувајќи за 5-те тони дрога кои завршиле во Србија, а според српското обвинителство потекнуваат од Македонија, истакна дека тоа е сериозен случај како резултат на еден проект кој  практично беше економска политика на владата на СДСМ и ДУИ . Тој очекува деновиве МВР да излезе со запленети десетици тони дрога за која е констатирано дека којашто незаконски е пуштена во промет или незаконски складирана.

,,Тоа е еден озбилен случај. Тоа е еден проект кој во минатото го водеше претходната влада којшто ги доведе голем дел од граѓаните и инвеститорите во заблуда дека на тој начин ќе станат милионери, дека се ќе биде поинаку, економска трансформација. Тоа беше практично економската политика на владата на СДСМ и ДУИ. Очекувам деновиве Министерството за внатрешни работи да излезе со десетици тони, не со неколку тони, туку со десетици тони на ваков тип недозволени средства, односно недозволени материи, дрога, марихуана во случајов којашто во моментов се наоѓа во складиштата во Македонија или пак на некаков начин имало односи помеѓу одредени правни субјекти, не само во државата, туку и надвор од државата за коишто е констатирано дека се незаконски пуштени во промет, но и незаконски складирани”- потенцираше Мицкоски.

Можете да прочитате

Апасиев: Не треба да се забрани производството на медицински КАНАБИС!

Заплената расте – пронајдени нови количини, вкупно 40 тони марихуана

Стојановски: Продолжуваме со покачување на платите и пензиите