Утрински Весник
Економија

Пад на светските цени на храната во јануари, глобалните резерви на жито растат

Hrana.jpg

Светските цени на храната во јануари се намалија петти месец по ред, а глобалните резерви на житни култури се приближија до историскиот максимум, соопшти денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните движења на цените на основните земјоделски производи на светскиот пазар, во јануари изнесуваше во просек 123,9 поени, што е намалување за 0,4 проценти во однос на декември и 0,6 проценти во однос на претходната година.

Цените на житните растенија се зголемија за 0,2 проценти во однос на претходниот месец и покрај незначителното намалување на цените на пченицата и пченката.

Високото ниво на резервите пченица ја неутрализира загриженоста поради временските услови во Русија и САД, а солидните глобални резерви на пченка ги ублажија ефектите од неповолните временски услови во Аргентина и Бразил, како и силната побарувачка за етанол во САД.

Можете да прочитате

ММФ за Народната банка: Стратегиска модернизација на монетарната политика и одржување на стабилноста на финансискиот систем

Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, нема покачување на цената на електричната енергија

Нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток