Утрински Весник
Македонија

За еден ден пријавени повеќе случаи на насилство врз и од малолетници

Policija 960x625 0 0 1.jpg

Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

На 05.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, М.И.(45) од с.Палиград, општина Зелениково, пријави дека во 13:00 часот на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син, додека се превезувал во автобус на ЈСП, бил физички нападнат од неколку малолетници од с.Батинци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.02.2026 во 23:50 часот во СВР Скопје, С.Т.(26) од с.Зелениково, општина Зелениково, пријави дека околу 23:10 часот во паркот во с.Пакошево, општина Зелениково, бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.02.2026 во 21:15 часот во СВР Скопје, Ж.П.(47) од Скопје пријави дека околу 12:00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од друг ученик во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.02.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, Н.Ќ.(49) од с.Страхојадица, општина Зелениково, пријави дека околу 12:30 часот во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.02.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје, Н.Ц.(46) од Скопје пријави дека околу 20:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за расчистување.

Можете да прочитате

Повредена жена во експлозија во охридско село

Променливо време со врнежи од дожд

Радуловиќ тврди дека само ургирала за пријатели, не учествувала во незаконски дејствија