Утрински Весник
Скопје

Општина Илинден со континуирани инвестиции во квалитетно образование

Image 2026 02 06 095907948.png

Општина Илинден и понатаму активно инвестира во подобрување на воспитно-образовниот процес. Со нови конкретни инвестиции во ООУ „Ристо Крле“ во населените места Бунарџик и Кадино, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за унапредување на образовниот процес и подобрување на условите за учење во сите делови на општината.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во реализираните активности во подрачното училиште во н.м. Бунарџик, при што истакна дека инвестициите во образованието се еден од највисоките приоритети на локалната самоуправа.

„Годината ја започнуваме стабилно и одговорно, со вложувања во најмладите и најважни жители на нашата општина. Ќе продолжиме континуирано да работиме на подобрување на воспитно-образовниот процес и создавање современи услови за сите ученици“, нагласи градоначалникот Георгиевски.

Во рамки на инвестициите, во ПООУ „Ристо Крле“ во н.м. Бунарџик адаптирана е просторија за одделенска настава, како и мини сала за физичко и здравствено образование, опремена со соодветни спортски реквизити. Во централното училиште во н.м. Кадино поставени се нови чешми и сензорни диспанзери за течен сапун, извршена е целосна замена на вентилните топсифони и огледалата во тоалетите. Дополнително, училишната библиотека е збогатена со околу 300 нови лектирни изданија.

Општина Илинден останува силно посветена на создавање квалитетни услови за образование, унапредување на инфраструктурата и обезбедување еднакви можности за сите ученици, градејќи стабилна и сигурна иднина за младите генерации.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: Менторски сесии за граѓански организации – ReLOaD3

Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии

Дел од центарот на Скопје денеска без вода