Утрински Весник
Македонија

Филипче – Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена 

Server04.global net.com 2.jpg

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска одржа состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот се разговараше за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата. 

Претседателот Филипче изрази благодарност за ангажманот на  ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.

На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди.

Филипче нагласи дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.

Воедно, Филипче порача дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука

МВР спроведува акција на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзана со опојна дрога

Во тек полициска акција во комплексот ОХИС, се вршат претреси во „Алфафарм“