Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со дожд, пообилни врнежи во западните делови

Dozd sneg.jpeg

Утрешниот ден ќе помине во променливо облачно време, при што дожд најпрво се очекува во западните краишта, а во текот на попладнето врнежи ќе има и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 2 и 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 14 степени. Во Скопје се најавува облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе изнесува околу 4 степени, а максималната до 11 степени. Според прогнозата на УХМР, променливото облачно време ќе продолжи и во наредниот период.

Во западните делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, локално над 15 литри на квадратен метар, со умерен, а повремено и засилен ветер. Нови врнежи се најавуваат и за недела и почетокот на следната седмица, кога ќе има и пад на температурите, а на планините и повисоките места можни се врнежи од снег.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука

МВР спроведува акција на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзана со опојна дрога

Во тек полициска акција во комплексот ОХИС, се вршат претреси во „Алфафарм“