Утрински Весник
Македонија

„Безбеден град“ стартува во Охрид пред летото

1573668749ohrid Gradot Na Svetlinata 1 1000x520 Pad.jpg

Во Охрид и Струга ќе бидат поставени 40 сообраќајни камери како дел од системот „Безбеден град“. Системот треба да започне со работа пред почетокот на летната туристичка сезона.

Во моментов, четири камери веќе се монтирани на автопатот Охрид–Кичево, на делниците кај селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се физички поставени, тие сè уште не санкционираат, бидејќи се наоѓаат во фаза на техничко тестирање.

Од СВР Охрид информираат дека воведувањето на системот ќе придонесе за намалување на сообраќајните прекршоци и незгоди, како и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено во периодот на зголемен туристички метеж.

Можете да прочитате

Претреси во „Алфафарм“ поради истрага за заплена на пет тони марихуана во Србија

Филипче – Вајц: Местото на Северна Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена 

Мицкоски најави шокантни информации: Вечерва јавноста ќе слушне нешто катастрофално