Утрински Весник
Македонија

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите

Ijz.png

Малигните неоплазми се меѓу најчестите причини за смрт во светот. Кај нас, после болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 население во 2010 година до 217,0%000 во 2024 година, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми кај мажите била повисока во однос на жените.

– Во периодот 2010-2024 година, стапката на морталитет од малигни неоплазми на возраст над 65 години осцилира и се движи од 881,1 во 2010 година до 821,3 во 2024 година на 100.000 население, пишува во извештајот.

Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група над 65 години била повисока кај машката поулација. Стапката на морталитет од малигни неоплазми во возрасната група од 0-64 години била значително пониска од стапката на морталитет на возраст над 65 години. И во возрасната група 0-64 години, морталитетот бил повисок кај мажите во однос на жените.

Можете да прочитате

Возел пијан на автопат па полицијата му го одзела возилото

Кривични пријави за 11 лица поради управување возило без дозвола

Кон Македонија се приближува нов бран на врнежи, обилни во западните предели