Утрински Весник
Македонија

СДСМ му оддаде почит на македонскиот великан Гоце Делчев

Sdsm gocze delchev 3 1.jpg

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со членовите на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и Петар Огњеновиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев.

„Идеалите на Гоце Делчев за слободна, праведна и напредна Македонија и денес се силен потсетник дека иднината се гради со храброст, знаење и единство. Наша должност е да ги чуваме и живееме тие вредности, секој ден.

Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев“ се вели во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД