Утрински Весник
Македонија

Зејнула бара конкретни чекори од Мицкоски за правата на Турците

Img 7685.jpeg

Претседателот на Турска демократска партија, Зулфикар Зејнула, денеска оствари официјална средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на која беа отворени повеќе клучни прашања од интерес за турската заедница во земјава.

Како што информира Зејнула преку објава на социјалните мрежи, на средбата било разговарано за повторно актуелизираните намери за носење Изборен закон со една изборна единица. Притоа, јасно и недвосмислено бил истакнат принципиелниот став на Турската демократска партија, како и предупредувањата за можните последици од носење вакво законско решение без широк политички и општествен консензус, особено во делот на демократската застапеност и зачувувањето на политичката волја на турската заедница.

Дополнително, на состанокот било отворено и прашањето за недоволната застапеност на турската заедница во државните институции, како и актуелната состојба со барањата за државјанство на припадниците на турската заедница кои во изминатите години се иселиле во матичната татковина, Република Турција.

Во рамките на разговорите, било постигнато заемно разбирање дека во наредниот период ќе се преземат конкретни чекори за зајакнување на правата и стекнатите придобивки на турската заедница, преку институционална соработка, партнерски однос и редовен дијалог со Владата.

Зејнула нагласува дека Турската демократска партија, како легитимен политички претставник на Турците во Македонија, ќе продолжи одлучно и доследно да ги следи и застапува легитимните барања, права и интереси на турската заедница.

Можете да прочитате

Точи: Под притисок се откажав од истражувањето за извозот на мозочно ткиво во САД

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна

Тешка сообраќајка на патот Кочани -Штип