Утрински Весник
Македонија

Над 600 прекршоци констатирани на првиот ден со ,,Безбеден град”

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

Во првиот ден од функционирањето на системот ,,Безбеден град” се евидентирани над 600 сообраќајни прекршоци.

За минување на црвено светло биле констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24.

За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во Скопје, 36 во Тетово, 31 во Куманово и 70 на коридорите.

Притоа изречени се вкупно 101 забрана за управување на моторно возило по основ на двата вида на прекршоци.

Можете да прочитате

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна

Тешка сообраќајка на патот Кочани -Штип

Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла