Утрински Весник
Спорт

Трета европска титула за Данска

20260201194520 big 730x400 59.webp.webp

Репрезентацијата на Данска ја освои европската титула откако во финалето вечерва ја совлада Германија со 34:27. Ова за Данска е трета титула европски првак и воедно го повтори успехот на Франција во ракомет во истовреме да има европска, светска и олимписка титула. Данските ракометари титулата ја прославија со домашните навивачи кои ја исполнија салата во Хернинг.

Во првиот дел двете репрезентации се менуваа во водството, а на полувреме беше 18:16. Последен пат нерешен резултат беше 19:19. Во вториот дел најчесто предноста беше меѓу 2-3 разлика за Данска, а голманите во средината на вториот дел Волф (Германија) и Мелер (Данска) имаа свои минути. Данските ракометари финалето го завршија со серија од 5-0 за конечни 34:27.

Симон Питлик со 8 голови кај Данска беше најефикасен, додека Матијас Гидсел и Јохан Хансен постигнаа по 7. Кевин Мелер имаше 8 одбрани, а Андреас Волф заврши со 14.

Во натпреварот бронзениот медал Хрватска го победи Исланд со 34:33.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027