Утрински Весник
Македонија

Денес со 2,32 промили алкохол предизвика сообраќајка во Скопје – две лица повредени

624079372 1197983435845515 1197103004466501654 n.jpg

Денеска (01.02.2026) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.М.(50) од Скопје.

Околу 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.”Гоце Делчев” во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило “сеат ибица” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М., патничко возило “тојота” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Г.(25) и патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.В.(32), а со повреди се здобиле А.Г. и сопатничката Л.Г..

По преземени мерки, констатирано е дека М.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,32 промили алкохол во крвта.

Известен е јавен обвинител, М.М. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ “безобѕирно управување со моторно возило”.

Можете да прочитате

Поради магла намалена видливост на Плетвар и во околина на Крушево

Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град”, мал број на прекршоци

Забрана за камиони на планинскиот превој Гостивар-Стража во двете насоки, магла на Плетвар