Утрински Весник
Магазин

Едукативна работилница за сообраќајна култура одржана во Пробиштип

Img 7644.jpeg

Во Домот на културата во Пробиштип денеска се одржа едукативна работилница на тема сообраќај и сообраќајна култура, наменета за ученици од прво до четврто одделение. Настанот имаше за цел преку едукативен и интерактивен пристап да ги запознае најмладите со основните правила за безбедно учество во сообраќајот.

Работилницата беше реализирана во соработка со Интернационалната полициска асоцијација – ИПА Регион Штип, националната секција на ИПА Северна Македонија, Одделението за внатрешни работи Пробиштип, како и авто школата „New Fox“ од Скопје.

Преку практични примери, разговори и интерактивни активности, учениците покажаа голем интерес за темата и активно се вклучија во дискусиите поврзани со правилното однесување во сообраќајот – како пешаци, велосипедисти и идни учесници во сообраќајот.

Организаторите посочија дека ваквите едукативни настани се од особено значење за развивање на сообраќајната култура кај децата уште од најрана возраст. Заклучокот од работилницата е дека континуираната едукација на најмладите претставува важен чекор кон зголемување на општата безбедност во сообраќајот, поради што ваквите активности треба да продолжат и во иднина.

Можете да прочитате

„Нетфликс“ до 2028 година ќе вложи приближно 200 милиони долари во турските продукции

„Заедно знаеме повеќе“ – предавања за детска исхрана и научна работилница за деца

Митровденска задушница – спомен за починатите