Утрински Весник
Македонија

Бујар Османи во работна посета на Вашингтон 

Bujar Osmani Utre Vo Ofitsijalna Poseta Na Turtsija.jpg

Соопштение за јавност на ДУИ:

Потпретседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), г. Бујар Османи, од денес престојува во официјална посета на Вашингтон, каде што ќе реализира интензивна агенда на средби со високи претставници на американските институции.

За време на престојот, Османи ќе одржи говор на Капитол Хил во рамките на Меѓупарламентарниот форум за безбедност и одбрана, а исто така ќе оствари средби со американски конгресмени и сенатори, универзитетски професори и меѓународно реномирани активисти и аналитичари, познавачи на Балканот, при што ќе се дискутира за прашања поврзани со стратешкото партнерство, регионалната безбедност и трансатлантската соработка.

Тој исто така ќе учествува на официјалните активности во рамките на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast), една од најзначајните дипломатски манифестации во Соединетите Американски Држави, која собира политички лидери од целиот свет.

Оваа посета ја потврдува важната улога на Демократската унија за интеграција во градењето и одржувањето на блиските односи со Соединетите Американски Држави, како и континуираниот ангажман на партијата за унапредување на стабилноста, безбедноста и евроатлантската перспектива на државата.

Можете да прочитате

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево

Левица: Ревизијата покажа дека во Охрид има 4.847 дивоградби кои власта не ги урива

Син го нападнал својот татко во домот