
Соопштение за јавност на СДСМ:
Време е Мицкоски да погледне на своите часовници од 65.000 евра вредни колку 150 минимални плати и за кои работниците треба да работат 12 години.
Достоинствена минимална плата од 600 евра им е потребна на работниците сега а не по две години, затоа што денеска едвај преживуваат со ниските плати и високите трошоци.
Потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство изнесува 66.413 денари. Тоа значи дека 2,8 минимални плати се потребни за покривање на основните, егзистенционални потреби.
Едно работничко семејство со две минимални плати не може да има достоинствен живот со минимална плата од 400 евра.
Со поскапувањата на цените на храната, на струјата, парното, инфлацијата, на граѓаните не им стигаат парите од први до први.
Наместо изговори за некакви 2 години Владата мора да обезбеди пари за плати за работниците. Не може да има пари за криминални тендери а да нема пари за поголема минимална плата.
Ако Мицкоски се фали дека сме 4 та економија во Европа, зошто не сме на 4-то место по висината на платите туку на дното?
Денеска македонските работници имаат најниска минимална плата во регионот и во Европа.
Косово ја зголемува минималната плата на 500 евра, Албанија од 1 јануари 2026 воведе минимална плата од 500 евра, Србија ја зголеми минималната плата на 500 евра, во Црна Гора веќе се движи меѓу 600 и 800 евра.
Затоа квалификуваните работници масовно заминуваат, младите се иселуваат, а државата станува пазар за „економски работници”.
Освен ако целта на оваа Влада не е токму тоа – намерно да ја обезвредни работата и да ја намалува цената на трудот.

