Утрински Весник
Македонија

Косово забрани увоз на овци и кози од Македонија

Ovci 960x687 1.jpg

Увозот на овци и кози од Северна Македонија е забранет, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Забраната е поради потврдено присуство на сипаници кај овци и кози во регионот Липково.

Во соопштението се наведува дека оваа мерка стапува на сила веднаш и ќе остане во сила до понатамошна проценка на ситуацијата од страна на надлежните меѓународни органи, како и од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово.

Мерката важи за живи животни и нивни нуспроизводи, вклучувајќи кожи и волна, како и производи што не се термички третирани. Забраната стапува на сила веднаш и ќе важи до понатамошна проценка од надлежните органи. Јавноста и економските оператори ќе бидат информирани за сите промени.

Можете да прочитате

Зијадин Села реагира на судска одлука со која раководењето со АА му е доделено на Арбен Таравари

Европски фронт предводен од ДУИ поднел Предлог-резолуција за Законот за употреба на јазиците во правосудниот испит

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите