Утрински Весник
Македонија

Филипче од Загреб: Социјалдемократијата е последниот бедем против неофашизмот во Европа

Filipche sdp hrvatska 2.jpeg

Социјалдемократијата била и ќе биде вистинската алтернатива на радикалната десница,последниот бедем на слободата, порача денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на Конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска, во Загреб. Филипче во обраќањето на Конгресот, предупреди на опасноста од подемот на радикалната десница и неофашизмот во Европа. 

„Нема да претераме доколку констатираме дека живееме во време на повампирен неофашизам. Антифашизмот е нашиот темел и ние секогаш, а особено во ваквите кризни времиња треба да бидеме бедемот на слободата”, рече Филипче.

Во обраќањето, тој посочи дека неофашизмот денес повторно ја покажува својата вистинска природа.

„Ова е време кога паѓаат маските зад кои со години се криеја дел од десничарските политички структури. Опседнатоста со наводната борба со левицата всушност е напад кон демократијата, кон хуманизмот и солидарноста и кон економската и социјалната правда. Денеска како и во минатото нивниот главен непријател се социјалдемократските и прогресивните политички сили, а тоа потврдува дека единствено социјалдемократијата била и ќе биде вистинската алтернатива на радикалната десница”, нагласи Филипче.

На Конгресот, Филипче се осврна и на состојбите во Северна Македонија, предупредувајќи на засилени авторитарни тенденции. Филипче посочи дека лажниот патриотизам на власта во Македонија служи како параван за заштита на криминалните и клиентелистички мрежи.

„Лажниот патриотизам на нашиот премиер и влада е само параван зад кој се крие заштитата на криминалните и клиентелистички мрежи, проследено со интензивен притисок врз правосудниот систем”, рече Филипче, додавајќи дека Северна Македонија е закочена на патот кон Европската Унија поради политиките на актуелната власт.

Можете да прочитате

(Фото) Работниците протестираат за 100 евра плус, власта слави родендени во елитни ресторани

ДОМ предлага „Зелен Урбан Трансфер“: Дислокација на Усје без трошоци за државата и крај за бетонизацијата на Скопје 

Филипче и Дончиќ во Загреб потпишаа Меморандум за соработка меѓу СДСМ и СДП