Утрински Весник
Македонија

Пронајдени и одземени ножеви и боксирач од малолетници во Тетово

623250788 1196998925943966 2879535636931248653 n.jpg

Полициски службеници од СВР Тетово на 30.01. во периодот од 14:00 часот до 16:00 часот спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Тетово.

При контрола во угостителски објект на улица „Љубо Божиновски Пиш“, кај 17-годишен малолетник биле пронајдени и одземени неколку ножеви и метален „боксирач“.

Истовремено, при контрола во објект во склоп на Спортскиот центар, кај двајца малолетници биле пронајдени и одземени ножеви.

Сите малолетни лица се приведени во полициска станица во присуство на родители, а по целосно документирање на случајот биле предадени на нивните родители.

Можете да прочитате

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Кривична пријава за демнење во Тетово: 27-годишник следел и снимал девојка

Мицкоски дел од Самитот на ЕПП: Европа пред економски и безбедносни предизвици