Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали е ова повикот на Муцунски и Стоилковиќ Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ? 

Sdsm.webp.webp

Европската Унија и Комесарката за проширување, Марта Кос, реагираше на законите во правосудството кое ги усвоило Собранието на соседна Србија. И покрај реакциите, претседателот Вучиќ ги потпиша законите по што денеска комесарката Кос рече дека тоа претставува чекор назад и повика што поскоро да се изврши ревизија на тие акти.

Дали е ова повикот на Стоилковиќ и Муцунски Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ, по изјавата на Вучиќ да влеземе заедно со Србија?

Дали и кај нас се реализира истиот план во правосудството?

Контурите веќе ги гледаме.

Владата изврши притисок и го смени јавниот обвинител со цел да се избере обвинител под своја контрола.

Како дел од сценариото за целосно преземање на судството повторно се бираат судии од тефтерчињата. Сопруга на градоначалник од ВМРО беше назначена за член на Судскиот совет.  

Нема реформи во правосудството, не се носат законите од реформската агенда туку судството и обвинителството се става во канџите на ВМРО.

И европратеници гледаат исто copy-paste сценарио во Македонија и во Србија.

Вака ли изгледаат ЕУ интеграциите на кои како пример се повикува македонската Влада?

СДСМ, Центар за комуникации

Можете да прочитате

Николоски: Целта е да се понудат најдобрите решенија за транспортерите

ЗНМ: Основниот кривичен суд Гостивар донесе проблематична првостепена пресуда за слободата на изразување

Срушена стара куќа во центарот на Битола предизвика штета на возила