Утрински Весник
Спорт

Селекторот на Сенегал суспендиран пет натпревари за инцидентите во финалето на Африканскиот куп

20260129154158 big 730x400 36.webp.webp

Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) му изрече суспензија од пет натпревари на селекторот на Сенегал, Папе Тиав и го казни со 100.000 долари по инцидентите во финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко.

Сенегал победи со 1-0 по продолженијата во финале исполнето со инциденти. На инсистирање на Тиав, дел од сенегалските фудбалери накратко го напуштија теренот во знак на протест против одлуката на судијата, кој, со помош на ВАР, досуди контроверзен пенал за домаќинот Мароко на крајот од регуларното време. Лутите сенегалски навивачи, исто така, се обидоа да влезат на теренот.

Мароканецот Брахим Диаз на крајот не го реализираше пеналот, а Сенегал победи со гол во продолжението.

„Дисциплинската комисија на ЦАФ го суспендираше Папе Тиав за „неспортско однесување, кршење на принципите на фер-плеј и интегритет и нанесување штета на имиџот на фудбалот“, соопшти Африканската федерација.

Сенегалската фудбалска асоцијација беше казнета со вкупно 615.000 долари „за несоодветно однесување на своите навивачи, кое го наруши имиџот на фудбалот“, „за неспортско однесување на своите играчи и тренерски персонал“ и „за дисциплински прекршок на националниот тим, при што пет играчи добија опомени“.

Санкции, исто така, им се изречени и на Мароканците. Дефанзивецот на ПСЖ, Ашраф Хакими, доби суспензија од два натпревари, од кои едниот е строга забрана, за „неспортско однесување“, додека играчот од средниот ред Исмаел Саибари, кој се обиде да украде пешкир од голманот на Сенегал во финалето на Африканскиот куп на нации, доби суспензија од три натпревари, исто така за „неспортско однесување“.

Мароканската федерација мора да плати вкупна казна од 300.000 долари, поради „за несоодветното однесување на играчите на репрезентацијата и техничкиот персонал, кои упаднаа во ВАР собата и ја попречија работата на судиите“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Попева и Рустемовски најуспешни македонски спортисти за 2025 година

Министерството за спорт додели 500 стипендии „Спортска надеж“

Рибакина ја победи Пегула и се пласираше во финалето на Австралија опен