Утрински Весник
Скопје

Томовски: Во план е модернизација на жичницата до Водно во соработка со Град Скопје

Zicarnica Vodno.jpg

Директорот на владината Служба за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, најави дека е во план заедно со Град Скопје да се реализира проект за обновување и модернизација на жичницата до Водно.

Говорејќи во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, Томовски информираше дека наместо претходно планираната траса од црквата „Свети Јован“ кон Средно Водно, се предлага поврзување од болницата Козле до Средно Водно. Како што посочи, оваа локација нуди поширок простор каде што може да се обезбеди монтажен паркинг, што би им овозможило на граѓаните безбедно да ги остават своите возила и да продолжат понатаму.

Тој најави дека во текот на утрешниот ден треба да се одржи состанок со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на кој ќе се разговара за двете теми, трасата и начинот на финансирање на проектот.

Можете да прочитате

Герасимовски: Работничките права и почитта кон трудот се основа на праведно општество

Левица бара да се разреши директорката на училиштето во Ѓорче Петров каде учат насилничките кои малтретираа ученичка

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест