Утрински Весник
Македонија

Пијан стружанец направил сообраќајка – 24info.mk

Policija 1.jpg

На 28.01.2026 во 18:20 часот на ул.„Пролетерски бригади” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М.(36) од Струга. Претходно, тој управувајќи патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, паркирано од Б.М.(23) од с.Франгово, струшко.

По преземени мерки и извршени проверки е констатирано дека И.М. е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Можете да прочитате

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

Жена удрена од електричен тротинет на автобуска постојка

Млад човек починал во стан во Скопје