Утрински Весник
Македонија

Андонов: Владата шири евроскептицизам – 24info.mk

Vlada.webp.webp

Анализата на јавното мислење за пристапување во ЕУ ( 2014 – 2025) на ИДСЦ на промотивниот настан што се одржа во Собранието на Македонија беше коментирана од проф. д-р Оливер Андонов. Според резултатите од истражувањето, поддршката за членство во ЕУ во земјава скокнала на 71%.

Според Андонов, ова е позитивен податок и добра вест за општеството. Потоа тој изнесе неколку критички забелешки во поглед на методологијата и тоа како се претставени во истражувањето. Посочи дека е важно да се прочита внимателно што овој податок значи.

„Растот на поддршката не ја поништува потребата од критичка анализа на рамката. Напротив, тој отвора дополнително прашање: Дали јавната поддршка расте поради политички резултати, или и покрај нив? Во исто време, евроскептицизмот се зголемува, а значаен дел од граѓаните и понатаму сметаат дека државата не е подготвена за членство. Ова укажува на сложена слика што не може да се сведе на едноставен наратив за ‘успех’“ – рече Андонов.

Вели дека забележал во анализата надворешни фактори кои и натаму јасно се именуваат. Но како што вели и дека домашниот политички учинок, реформите, владеењето на правото, инстуционалната кредибилност и натаму не се третираат како централна објаснувачка променлива.

„Да не ја читаме зголемената поддршка како автоматска потврда на политиките, туку како показател на континуираната проевропска ориентација на граѓаните, која опстојува и покрај застојот во резултатите.
Кредибилитетот на пристапниот процес не се мери само со анкети, туку се гради или се губи преку реални политички и институционални резултати“, предупреди Андонов, инаку професор на Воената академија.

Андонов истакна дека луѓето наспроти високата подршка за членство во ЕУ сепак не веруваат дека тоа ќе се случи во идните 10 години. Причината за тоа тој ја гледа во неуспехот на владата да ја врати земјата на европскиот колосек и да не ги исполни задачите преземени за тој процес да се забрза а тоа се уставните измени или поточно кажано внесувањето на бугарската заедница во Уставот.

„Главен поттикнувач на евроскептицизмот е Владата“, заклучи проф. Андонов.

Осврт на резултатите од спроведеното истражување на јавното мислење дадоа и Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија, Антониjо Милошоски, потпретседател на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања и Венко Филипче, претседател на Националниот совет за евроинтеграции. Завршно обраќање на настанот имаше од амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.

Можете да прочитате

Пешевски до Мицкоски: Не сме партија, туку гладни работници

Зајкова: ВМРО-ДПМНЕ директно ги амнестира од одговорност криминалците инаку ќе гo прифатеше амандманот на ЛДП за Кривичниот Закон

Стопирана истрагата за шестмина полицајци за пожарот во „Пулс“