Утрински Весник
Македонија

Незаштитен отвор за лифт кобен за Љушев: Кривични пријави против две фирми

Img 7422.jpeg

Државниот трудов инспекторат ќе поднесе кривични пријави против две фирми по трагедијата во која животот го загуби 28-годишниот охриѓанец Кристијан Љушев, откако инспекциската контрола утврдила сериозни прекршувања на прописите за безбедност и здравје при работа.

По двонеделна контрола на градилиштето, инспекторите констатирале дека компаниите не ги почитувале законските обврски, што директно придонело за несреќата со фатални последици.

Трагедијата се случила кога младиот работник, вработен во фирма за ентериери, пренесувал мебел во зграда во изградба. При тоа, тој паднал во незаштитен и неограден отвор за лифт, по што им подлегнал на повредите.

Поради утврдените неправилности, Трудовиот инспекторат донел времена забрана за работа на целиот објект, која ги опфаќа инвеститорот, изведувачот и надзорот.

За опасните услови на градилиштето сведочи и таткото на починатиот, Валентин Љушев, кој јавно изјави дека само неколку дена пред несреќата забележал дека отворите за лифтови се оставени без никаква заштита. Тој побара целосна одговорност од сите инволвирани страни.

Имињата на фирмите засега не се објавуваат, како што велат надлежните, во интерес на истрагата. По комплетирање на целокупната документација, предметот ќе биде доставен до Јавното обвинителство, кое ќе одлучува за понатамошните чекори.

Можете да прочитате

Пешевски до Мицкоски: Не сме партија, туку гладни работници

Зајкова: ВМРО-ДПМНЕ директно ги амнестира од одговорност криминалците инаку ќе гo прифатеше амандманот на ЛДП за Кривичниот Закон

Стопирана истрагата за шестмина полицајци за пожарот во „Пулс“