Утрински Весник
Скопје

Скопјанец добил опомена затоа што пропуштил Брза помош на црвено светло

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

Додека системот „Безбеден град“ е во завршна фаза од тест-периодот, на социјалните мрежи се појавуваат реакции од граѓани за спорни ситуации. Скопјанец се пожали дека добил опомена откако навлегол во раскрсница на црвено светло за да пропушти возило на Брза помош.

Случајот се случил кај Транспортниот центар во Скопје, каде неколку возила биле приморани да влезат во крстосницата за да ослободат пат за итната служба, но камерите сепак го регистрирале прекршокот. Возачот предупредува дека по 1 февруари, кога системот ќе започне со автоматско казнување, ваквите ситуации може да предизвикаат проблеми и дополнителни административни постапки за граѓаните.

Можете да прочитате

Голем дел од Скопје утре без струја

Бесплатен „Wi Fi“ во паркот Јане Сандански во Аеродром

Без струја утре дел од Карпош и Волково