Утрински Весник
Македонија

Пронајден починат маж во хотел во Маврово

Mvr Policija 4.jpg

Починато лице било пронајдено во хотел во Маврово. Случајот бил пријавен вчера во 10:55 часот во ОВР Гостивар.

-Увидна екипа во присуство на јавен обвинител извршила увид во помошните простории на хотелот, каде во една од собите за персонал бил пронајден починат В.Л. (58) од Охрид, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Со нож нападнат 14-годишен ученик во училишен тоалет на Бит Пазар

Кузеска: Кој плаќа лоби за Мицкоски – трговец со оружје кому казната му ја платил човек од кокаинскиот канал

Расчистени пет кражби во радовишко, лишени од слобода две лица