Утрински Весник
Свет

Трамп му се закани на Иран

Tramp56 3 1.jpg

Доколку Иран не преговара и не склучи договор за нуклеарно оружје, идниот напад на САД ќе биде многу потежок, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Се надеваме дека Иран брзо ќе седне на преговарачка маса и ќе преговара за фер и правичен договор – без нуклеарно оружје – договор што е добар за сите страни. Времето истекува, тоа е навистина од суштинско значење, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social).

Претседателот на САД кој се повлече од нуклеарениот договор со Техеран од 2015 година за време на својот прв мандат во Белата куќа, истакна дека неговото последно предупредување до Иран било проследено со воен удар.

„Следниот напад ќе биде многу полош! Не дозволувајте тоа да се повтори“, напиша Трамп.

Тој исто така изјави дека кон Иран се приближува американска „армада која е подготвена и способна брзо да ја исполни својата мисија, со брзина и насилство, доколку е потребно“. Трамп наведе дека оваа флота, предводена од големиот носач на авиони „Абрахам Линколн“, е поголема од онаа што била испратена во Венецуела.

Можете да прочитате

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху