Утрински Весник
Скопје

Бебешка радост во ЗОО Скопје: Родени две џуџести мармозети, најмалите мајмуни во светот

30489 1.jpg

Скопската Зоолошка градина доби две нови, исклучително ретки принови родени се две џуџести мармозети, вид кој се смета за најмалите мајмуни во светот. Новородените мармозети тежат најмногу до 100 грама, поради што се уште се тешко забележливи со голо око.

Од Зоолошката градина информираат дека бебињата постојано се на грбот на својата мајка, а за нивната грижа е вклучена целата група, што е карактеристично однесување за овој вид примати.

„Токму поради нивната големина, двете бебиња се уште тешко се забележуваат. Тие постојано се на грбот на мајката и целата група учествува во нивната грижа“, велат од ЗОО Скопје.

Оваа убава вест доаѓа во година кога скопската Зоолошка градина одбележува значаен јубилеј 100 години од своето основање. Во октомври 1926 година, биологот Станко Караман ја поставил основата на Зоолошката градина во рамките на Градскиот парк во Скопје.

Неговата визија, како што потсетуваат од ЗОО Скопје, била напредна за времето во кое живеел градината да биде современ простор за едукација, научен пристап и хуман однос кон животните, вредности кои, како што велат, и денес остануваат водилка во работата на установата.

Можете да прочитате

Скопјанец добил опомена затоа што пропуштил Брза помош на црвено светло

Ѓорѓиевски: Скопското Кале е чисто и уредено

Герасимовски: Наградата „Феникс” е силна порака дека Центар ги вреднува знаењето, талентот и истрајност