Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев

Vmro.webp.webp

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Сведоштвото на Жан Митрев јасно  покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев.

Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси.  Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.

Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.

На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.

Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.

ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има.

Можете да прочитате

Две сообраќајки за неколку часа, повредени лица во Гостивар и кај Блаце

Левица: Власта одби да ѝ даде ингеренции на министерката за енергетика – не помина законот за укинување на РКЕ

Косовари нападнале скопјанец на граничен премин Блаце