Утрински Весник
Македонија

Циклонален вртлог од Џенова ни носи нови дождови и снегови во Македонија

Meteoalarm.mk 17.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонален вртлог со центар над Џеновскиот залив се до крајот на седмицава во Македонија ќе имаме многу променливо време со чести локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. На планините над 1200/1300 метри надморска височина ќе има врнежи од снег а кон крајот на седмицава врнежи од дожд и од снег ќе има  и во дел од градовите особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет а кон крајот на седмицава ветерот ќе го промени својот правец во северен.

До крајот на седмицава локално повторно ќе наврне позначително количество на воден талог и тоа над 25 литри на метар квадратен воден талог. На планинските места  и на Скијачките центри снежната покривка ќе се зголеми и ќе се прошири.

И во Скопје  и околината до крајот на седмицава ќе имаме повремен дожд а на околните планини повремено ќе провејува снег. Ќе засилува ветер од јужен и од југоисточен а кон крајот на седмицава од северен правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, меѓутоа за време на викендот температурите ќе опаѓаат и тоа поради продор на поладен воздух од север.

Можете да прочитате

Левица: Премиерот со џемпери од по 2.000 евра барањата за минимална плата ги прогласи за „политичка агенда”

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев

(Видео) Трендафилов: Да застанеме рамо до рамо во борбата за поголеми плати