Утрински Весник
Македонија

Цирих најскап, Скопје меѓу најевтините градови во Европа

Skopje.jpg

Најновата анализа на платформата Нумбео покажува дека трошоците за живот во светот достигнаа историски максимум. Истражувањето, кое ги користи податоците од над 600.000 корисници, открива дека швајцарските градови се најскапи, додека Скопје останува едно од најевтините места за живеење во Европа. Цирих е прогласен за најскап град во светот, со околу 1.570 евра месечно за основни трошоци по лице, без кирија, додека за четиричлено семејство сумата надминува 5.800 евра.

По него следуваат Женева, Базел, Лозана, Лугано и Берн, а во првите десет најскапи се и Њујорк, Рејкјавик, Хонолулу и Сан Франциско. Во регионот на поранешна Југославија, најскап е Сплит (232. место), по што следат Љубљана (237.) и Белград (289.). Скопје е на 352. позиција, додека Сараево е на 320., Подгорица на 324., Будимпешта на 267., а Софија на 297. место. На дното на листата се индиските градови, при што најевтин за живот е Коимбаторе, каде трошоците се речиси 80% пониски отколку во Њујорк.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ