Утрински Весник
Македонија

Средба Хоџа-Сориано Ортиз: шпанското искуство корисно за домашните еколошки политики 

This.jpg

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаело Сориано Ортиз.

На средбата беа разменети мислења за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина, при што беше истакната континуираната поддршка од Шпанската Влада за активности насочени кон заштита на природните вредности и унапредување на еколошките политики.

Министерот Хоџа ја нагласи и континуираната поддршка од Кралството Шпанија за европските интеграции на Република Северна Македонија, посочувајќи дека ова претставува значаен поттик за унапредување на реформските процеси и усогласување со европските стандарди, особено во областа на животната средина.

Посебен акцент беше ставен на значењето на шпанското искуство и добрите практики во креирањето и спроведувањето на еколошки политики, кои претставуваат корисна основа за натамошно унапредување на националните политики и зајакнување на институционалните капацитети.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на соработката и интензивирање на размената на искуства, со цел примена на одржливи решенија и исполнување на меѓународните обврски на државата во областа на животната средина.

Можете да прочитате

Блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата поради протест на возачи на камиони

Бугарското МНР: Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи со зборови и во пракса во водење на отворен дијалог

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите