
Пронајдени се околу 140 килограми експлозив, пушка и голема количина муниција при претрес во напуштена куќа во општина Зубин поток, Косово.
Заменик-регионалниот командант на косовската полиција, Ветон Ељшани за Радио Контакт Плус денеска изјави дека експлозивите се пронајдени на 24 јануари и оти прелиминарните информации укажуваат дека експлозивите се произведени во 2014 година во Крушевац.
Ељшани нагласи дека пронајдениот експлозив бил „екстремно нестабилен“ и оти ризикот од детонација бил многу висок.
Тој додаде дека по прелиминарната истрага, надлежните истражители ќе го преземат случајот.
За време на претресот на објектот, пронајдени се и пушка М48, 244 куршуми од различен калибар, две празни чаури и голема количина експлозиви.

