Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Случајно таткото на Нелоски има фирма и случајно се поврзува со тендерските мрежи?

Sdsm.webp.webp

Шефот на кабинет на Мицкоски, Владимир Нелоски, потврди сè што објави СДСМ, но тоа го правда со „има право да работи” и дека фирмата на неговиот татко „не учествува во државни тендери”.

Но, што сака да каже Нелоски, дека случајно неговиот татко има фирма?

Дека е случајно што таа фирма е поврзана со сопругата на сопственикот на Пирамид билдиг солушн (Оливера Доновска) која има 51 тендер од општините на ВМРО?

Дека е исто така случајно што Доновска е поврзана и со фирма на Филип Гулевски, кој пак со друга фирма добил тендер од Министерството за спорт од 1,1 милиони евра?

Сè е ова случајно? 

Случајно се сите поврзани фамилијарно и со бизниси?

Очигледно Нелоски и ВМРО ги сметаат граѓаните за наивни и сакаат да ги поигруваат со нивната интелигенција.

Во ВМРО секој функционер или негов роднина си има фирма. А, како што покажавме, имаат и тендери. 

161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општини, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. 

Тендерските шеми и фамилијарните фирми, освен што се партиски и фамилијарно поврзани, водат директно и до кабинетот на Мицкоски.

Можете да прочитате

Новинарите ќе се приклучат на утрешниот работнички протест

Митева: Значајни одлуки за напредокот на граѓаните, демократијата и европската иднина на државата тема на денешната владина седница

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се применат принципите на владеење на правото